Д-р Харви Карп, американски педијатар, е познат по својата книга „Најсреќното бебе во крајот“ во која ја изнел идејата за „четвртото тримесечје“. Имено, бебињата се раѓаат пред да бидат доволно зрели за животот надвор од матката, па во првите три месеци им е потребно многу внимание и смирување за да можат да се наспијат. Проблемот е, според д-р Карп, што родителите немаат реалистични очекувања, туку веруваат во одредени митови кои само им ги отежнуваат првите месеци со бебето.

Еве од кои митови треба да се ослободат родителите според неговото мислење:

1. На бебињата им е потребна целосна тишина за да спијат

Бебињата се навикнале на бучната атмосфера во матката и тишината им е непозната. За да постигнете бебето да се чувствува како во мајчиниот стомак, користете бел шум. (Го создаваат домашните апарати, а на „Јутјуб“ постојат и звучни снимки што можете да му ги пуштите на своето бебе).

2. Бебињата подобро спијат ако им го зајакнете вечерниот оброк со снегулки од ориз

Мајчиното млеко и млечната формула се полни со маснотии и јаглехидрати и во оризот нема никаква магична состојка што повеќе би го задоволила бебето отколку млекото.

3. Постои одредена возраст на која бебето може да ја преспие ноќта

Бебињата никогаш не ја преспиваат ноќта. Дури и ние возрасните се будиме, па му се враќаме на сонот. Бебињата научуваат повторно да се заспијат околу шестиот месец, кога невролошки се доволно зрели за тоа, вели д-р Карп. Дотогаш им се потребни родителски техники за смирување.

4. Нормално е да се биде ненаспан родител

Д-р Карп е многу загрижен поради сѐ поголемата зачестеност на постпородилна депресија кај мајките. Помалку од шест часа сон е многу штетно. Поради тоа, сонот на родителите треба да биде приоритет. За што зборува и последниот мит:

5. Родителите сами треба да се снаоѓаат со бебето и да ја трпат неизвесноста

Најголемиот од сите митови е дека нормалното семејство го сочинуваат двајца родители и дете. До пред сто години никој не се грижел за бебе без поддршка од поширокото семејство. „Поради тоа, не притеснувајте се да побарате помош и што е најважно, приспособете ги своите очекувања на реалноста. Тие први месеци, како и сите фази, ќе поминат, порачува д-р Карп.



912

X