По трагедијата што ја снајде Србија во која животот го загубија невини деца и чувар, сите велат „разговарајте со децата“. Слушам дека многумина велат оти не знаат како да зборуваат.

Еве неколку идеи за разговор:

Дали ги познавате вашите деца подлабоко од нивните оценки, бројот на голови или кошеви што можеби ги постигнале на тренинзи или натпревари? Или брзината со која го препливале базенот на 100 метри?

Дали знаете која е нивната омилена боја? Омилено годишно време?

Знаете ли што најмногу ги плаши во моментов? На што најмногу се радуваат?

Дали знаете какви соништа сонувале претходната или оваа ноќ?

Дали некогаш сте ги прашале:

Што те прави најсреќен? Најтажен?

Како се чувствуваше денес на училиште?

Кои зборови би ги употребил за да го опишеш денешниот ден?

Кој е твојот омилен предмет и зошто?

Кој е твојот омилен наставник/професор и зошто?

За што најмногу сонуваш во последно време?

Има ли личност на која ѝ се восхитуваш? Ако е така, зошто?
Дали жалиш за нешто денеска или во последниов период?

Кога би можел да промениш/направиш нешто поразлично, што би било тоа? Зошто?

Што би сакал да правиш денес/овие денови?

Дали има нешто што те загрижува денес/последниве денови?

Зошто (не) ти се допаѓа оваа емисија? Овој филм? Оваа видеоигра? Книга?

На кој начин сакаш да се одмориш?

За што најмногу размислуваше денес/деновиве?

Како се чувствуваш денес/деновиве?

Зошто сакаш да се дружиш со…, а не со…?

Дали ти треба помош денес?

Дали има нешто што би сакал да ми го кажеш, а сè уште не си се осмелил?

Овие прашања се применуваат секој ден, не само во трагични ситуации. Кога разговарате со децата и го прашувате ова, треба да го правите тоа внимателно, нежно, за децата навистина да почувствуваат дека ве интересираат одговорите, дека можат да бидат искрени со вас, а не како да се на обвинителна клупа. И се разбира дека нема да ги поставувате сите тие прашања секој ден.

Верувам дека огромното мнозинство од оние што сега се родители никој не ги прашувал такви работи кога биле деца. Но, ако не ги знаете одговорите на овие прашања, тогаш навистина не ги познавате сопствените деца. И не заборавајте – вие не сте родител само затоа што сте му обезбедиле на детето храна, облека и покрив над главата. Тоа го имаат и децата во сиропиталиште.

Автор: Лидија Смирнов/ педагог и професор по англиски јазик

Извор



912

X