Игротека

„Патувавме“ на омилените места на Биби со петтоодделенците од „Гоце Делчев“

Петтодделенците од основното училиште „Гоце Делчев“ од општина Центар денеска ни беа гости во читалницата „Славко Јаневски“. Ни беше задоволство да се дружиме со овие умни глави и заеднички да си читаме и да си разговараме за многуте мудрости собрани во „Книга на знаења“, а ги „посетивме“ и омилените места на Биби низ страниците на нашето најново издание „Моите омилени места“.

Утре во 13 часот проф.д-р Кирил Барбареев ќе одржи час и ќе ја промовира образовната програма „Бибиверзум“, ќе играме „Игра на знаења“ и ќе се дружиме до 18 часот.

Ви издвојуваме дел од атмосферата:

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top