Главниот јунак на „Патот до здрави заби“ – Четко Четковски ве повикува на нова дружба. Овој пат дружбата ќе се одржи на 6 април во „Капитол мол“ од 12 до 14:00 часот. Настанот ќе биде исполнет со игри, едукативни лекции за правилна орална хигиена и мноооогу подароци.

Колку темелно треба да ги четкате запчињата за да ги отстраните бактериите? Кои лекции треба да ги знаете за да имате блескава и сјајна насмевка како на Четко? Одговорот на овие прашања ќе го дознаете преку игрите што Четко и брендот за орална хигиена „Лакалут“ ги подготвија за посетителите на настанот што ќе се одржи во „Капитол мол“. „Плочка“, „Плак тест“ и „Фигури“ се игрите преку кои Четко ќе им го пренесе своето знаење на присутните, а сите што ќе учествуваат ќе добијат подароци!

На настанот ќе биде присутен и стоматолог кој ќе дели бесплатни совети за правилна нега и хигиена на забите кај децата.

Дојдете да учиме, да се забавуваме и да се наградуваме!


Кампањата „Патот до здрави заби“, која годинава ја прославува својата 5-годишнина, е поддржана од страна на „Натусана“, главниот застапник на широка палета врвни производи со германски квалитет, меѓу кои е и детската линија „Лакалут“.

Во оваа линија се наоѓаат производи за орална хигиена за деца на возраст 0-4, 4-8 и 8+ возраст. Преку кампањата „Натусана“ континуирано работи на едукација на родителите и децата за сите важни аспекти поврзани со оралната хигиена кај децата.



912

X