Неправилната работа на срцето, позната како атријална фибрилација (АФ), е најчестото нарушување на срцевиот ритам и го зголемува ризикот од мозочен удар.

Врската помеѓу АФ и пушењето е добро позната, но ново истражување укажува на силната врска помеѓу пасивното пушење и состојбата што настанува. Истражувачите од Калифорнискиот универзитет во Сан Франциско откриле дека кутија цигари што ја пушат родителите во текот на денот го зголемува ризикот од АФ кај нивните деца за 18 отсто. Истражувачкиот тим прегледал повеќе од 5.000 лица помлади од 18 години и ги следел во текот на наредните 40 години. Помеѓу децата што биле вклучени во истражувањето, 82 отсто биле изложени на пасивно пушење.

Лекарот ги оценувал родителите на секои две до четири години, а децата биле оценувани на секои четири до осум години. Во просек, родителите пушеле околу 10 цигари дневно. Приближно секоја седма личност помлада од 18 години што учествувала во истражувањето развила АФ во периодот на следењето.

– Нашите набљудувања ни даваат нови информации важни за престанувањето со пушењето, истакнувајќи ја штетноста што може да биде поврзана со најмладите членови од семејството, односно децата – истакна водечкиот автор на истражувањето, професор Грегори Маркус од Калифорнискиот универзитет во Сан Франциско.

– Со сè поголемата распространетост на АФ, неопходно е луѓето да се откажат од пушењето цигари за да се намали глобалниот проблем поврзан со АФ – додава професорот.

Родителите-пушачи се можеби почеток за магичниот круг, покажува ново истражување. Истражувачите исто така откриле дека 17 отсто од децата на родители што пушат имаат поголем ризик и самите да станат пушачи. Се проценува дека пушењето е директен виновник за 7 отсто од случаите на АФ, а самите пушачи имаат за 32 отсто поголем ризик од АФ отколку непушачите. Атријалната фибрилација предизвикана од пасивното пушење може да го зголеми ризикот од мозочен удар, дури и за пет пати.

Стапките на АФ пораснаа и сега се одговорни за 750.000 хоспитализации и 130.000 смртни случаи годишно.



912

X