Воспитување

Партнерството во родителството не е лесно

„Да бидам целосно искрена, едно е да се има бебе, но споделувањето на тоа бебе е нешто сосема друго“, напишала познатата мајка и блогерка Констанс Хол.

Австралиската блогерка, писателка и мајка на пет деца Констанс Хол неодамна напишала интересна објава на „Фејсбук“ за проблемите со родителството. Нејзината глава е полна со фрустрации. Таа се труди да најде рамнотежа како мајка, но и да ја сподели одговорноста со сопругот.

Тоа е златната средина што сака да ја постигне.

-Добив толку многу пораки на „Инстаграм“ за тоа како мојот сопруг е тука за мене, луѓето дури ми велат дека сме она што секој пар би сакал да биде. Вистина е дека кога имате дете, вашата партнерска врска е доведена до самиот раб. Можам да се справам со товарот, навистина можам. Но, она со што не можам да се носам е неправдата, неправедните услови за живот кои се случуваат по раѓањето на бебето – напишала оваа мајка на пет деца.

Нови проблеми во партнерството

Спротивно на она што на почетокот може да се претпостави, Констанца не се обидува да ги омаловажува татковците, туку зборува за проблемите со кои се соочиле со сопругот во нивното партнерство. Во моментот кога жената ќе се породи, таа е целосно врзана за своето бебе, а Констанца нагласува дека поради тоа е хронично исцрпена и осамена.

-Јас сум навистина исцрпена, толку многу ноќни хранења, помнење на сè што треба да им купам на децата за на училиште, бањање на сите деца, перење алишта, миење садови, купување намирници, одговарање на пет илјади прашања дневно со насмевка и уверување дека куќата изгледа релативно чиста затоа што некој влегол во неа и рекол: „Не мора да чистите за нас“. Но, вистината е дека јас навистина чистев, дури 4 часа – вели уморната и лута мајка.

Таа се прашува дали рамноправноста изгледа така, но и целосно е свесна дека тоа е само фаза додека детето е мало и дека со текот на времето сè ќе се подобри.

-Значи, ви благодарам што површно заклучивте дека сме двојка од соништата, но да бидам целосно искрена, едно е да се има бебе, а споделувањето на бебето и одговорностите е сосема друга приказна. Каде што има љубов, ќе има и начин, а во мојот брак има љубов. Ќе растеме и ќе ни биде добро – напишала на крајот мајката.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top