Истражување открило дека 77 отсто од родителите велат дека се посреќни и поисполнети бидејќи имаат деца. Во исто време, просечен родител не бил на романтичен состанок повеќе од три години и она што најмногу им недостига на родителите од животот пред децата е да поминат квалитетно време со својот партнер. Јасно е дека во повеќето бракови, откако ќе се родат децата, сопружниците забораваат еден на друг, сметајќи дека треба целосно да им се посветат на своите деца.
Еве зошто треба да го ставите вашиот партнер на прво место, а не децата. Или можеби да има повеќе први места.
1. Ги учите децата да ги почитуваат другите, а и самите себе
„Човек кој се однесува кон својата жена како кон принцеза е доказ дека е роден и пораснат во прегратките на кралица.“ Кога вашето дете ќе порасне во семејство каде што љубовта меѓу партнерите се покажува на безброј начини, како резултат на бракот кој е на прво место, ќе научи да се однесува кон другите со иста почит.
2. Ќе бидете пример за здрава љубовна врска
Наместо да се чувствувате виновни што ги оставате децата на чување и уживате во пријатната вечера со партнерот, искористете ја оваа можност да му објасните на вашето дете дека неговите мајка и татко треба да поминат малку време сами. Така тие ќе научат за важноста на здравата љубовна врска и ова позитивно ќе влијае врз нивното однесување и односите во иднина.

3. Ќе бидете подобри родители
Кога одвојувате време за сопствен раст и уживање, тоа ви помага да се чувствувате смирени. Затоа, кога ќе се вратите на родителските обврски, ќе имате многу повеќе енергија и ќе бидете родител каков што сакате да бидете.
4. Работите на сопствената љубовна врска
Кога планирате и поминувате време со вашиот партнер, јасно покажувате дека се грижите за вашата врска. Малите нешта прават голема разлика. Одржувањето искра меѓу вас ќе ви помогне да продолжите да бидете љубовници, а не да бидете цимери.
5. Вашите деца на крајот ќе го напуштат родителското гнездо
Вашиот партнер беше со вас долго време пред вашите деца да се родат и ќе биде откако децата ќе го напуштат семејното гнездо. Ако цел живот им го посветувате на вашите деца и заборавате на потребите на вашиот партнер и на вашите потреби, кога вашите деца ќе го напуштат гнездото, ќе се прашате што се случило. Вашите деца постојат поради вашиот брак, а не обратно.