Воспитување

Паровите што ја прифаќаат оваа вистина се посреќни од другите за 98 отсто

Некои луѓе се потпираат на романтичните врски за да ја исполнат личната цел која подразбира да се чувствуваат целосни и исполнети. Освен тоа, повеќето од нас сонуваат за „совршени“ врски, иако тоа е невозможно. Не треба да очекуваме нашите партнери или врски да бидат совршени. Целта е да ги прифатиме недостатоците на оние што ги сакаме. Сепак, дури и во најсреќните врски понекогаш се случуваат конфликти, но тоа е нормално, тврдат терапевтите Харвил Хендрикс и Хелен Ла Кели.

– Ако постојано се расправаме или живееме заедно во тишина, зошто да не раскинеме? Иако истражувањата ги поддржуваат економските, емоционалните и физичките здравствени аспекти на посветеното партнерство и негативните последици од разводот врз партнерите и нивните деца, истражувањето изгледа бесмислено кога страдаме – велат терапевтите.

Конфликтот е нормален во секоја врска

Кога ќе дојде до расправија, нашиот ум сака моментално ослободување од она што сметаме дека ни предизвикува болка.

– Стануваме убедени дека нашите партнери ни предизвикуваат голема вознемиреност и несреќа. Чувствуваме дека разводот ќе нѐ ослободи од болката и ќе ни даде мотив да се грижиме за себе – додаваат тие.

Сепак, тие повторуваат дека конфликтот е нормален дел од секоја врска. Меѓутоа, она што е важно е како реагираме на тој конфликт и како се обидуваме да го решиме. Значи, многу е важно да се прифати тој факт, велат Хендрикс и Ла Кели. Тие заклучуваат дека паровите што ја прифатиле оваа вистина се 98 отсто посреќни од другите.

Извор

Поврзани написи

To top