Експертите предупредуваат дека поради пандемијата, се врати животниот стил од 50-тите години во повеќето домови низ цела Европа. Имено, британските истражувачи од Универзитетот во Сасекс, по интервјуто со повеќе од 2.000 родители, стравуваат дека ефектите од пандемијата кај жените ќе имаат „сериозни последици“.

Нивните податоци од пред пандемијата покажуваат дека 27 отсто од мајките ги извршувале најголемиот дел од обврските околу децата и домаќинството, додека тој број се искачил на 45 отсто за време на кризата и изолацијата.

Откриле и дека 72 отсто од мајките се опишале себеси како „главен дежурен родител“ за време на изолацијата, а така се гледаат и 67 отсто од жените што сè уште работат. Покрај тоа, 70 отсто велат дека биле „целосно или главно одговорни за надзор на школувањето на децата од дома“.

– Со избувнувањето на пандемијата во март, три четвртини од мајките ја презедоа улогата на главен родител кој се грижи за сè – вели Али Лејси, авторка на истражувањето.

– Сите овие месеци слушаме за жени што се будат во 5 часот наутро за да зачистат иако почнуваат со работа во 9 часот, жени што работат од дома и се грижат за децата, играат и ги забавуваат или им помагаат за време на онлајн-часовите и навечер ги извршуваат останатите активности – вели Лејси.

Додава дека и покрај тоа што обемот на работа за жените се зголемува, истовремено родовиот јаз во платите и понатаму расте наместо да се намалува.

Извор



912

X