Истражувањата со голем број наставници покажале дека учениците што патуваат со своето семејство имаат голем успех, како во училиштето така и надвор.
Ново истражување покажало дека ако сакате вашите деца да бидат успешни на училиште, треба почесто да ги носите на одмор.
Истражувањето на околу 1.500 американски професори покажало дека 74 проценти од едукаторите веруваат дека патувањата имаат позитивно влијание врз личниот развој на учениците. Повеќето од професорите (56 проценти) веруваат во тоа дека патувањето позитивно влијае врз успехот на ученикот, но и врз кариерата.

Патувањата може да имаат долгорочно влијание врз детето. Наставниците се согласни дека децата што патуваат и ги набљудуваат различните култури имаат изразена толеранција и почит кон другите, желба за учење, како и за испробување нови работи, во споредба со другите деца.
Не само што наставниците веруваат дека патувањето на децата е значајно за на училиште, туку може да има и влијание врз животот на детето надвор, на игралиштето.

Децата што патуваат се посамостојни, имаат поголема самодоверба и лесно се приспособуваат. Тие се многу поотворени и дружељубиви и полесно се изразуваат за разлика од оние деца што остануваат дома.

Сепак, за истражување на различни култури не е потребен пат околу светот. Дури и патувањето во вашата земја, во друг град, може да им ги покаже на децата различните навики на луѓето.

Постои и една статистика која ќе ги натера родителите малку да паузираат – како кога на глувчето ќе му дадете колаче, така и децата толку многу ќе сакаат да патуваат, што постојано ќе бараат повеќе. Од сите наставници, 76 проценти кажале дека виделе ученици што патувале, па потоа сакале уште повеќе да патуваат.
Ете, патувањата имаат и една лоша страна, нели?



912

X