Здравје

Оздравени уште 25 пациенти, потврдени 53 нови случаи со коронавирус

Министерството за здравство информира дека денеска се регистрирани 25 оздравени пациенти. Од нив 6 оздравени се испишани од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а 19 се лекуваа во домашни услови.

Во изминатите 24 часа потврдени се 53 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 13, Куманово – 9, Прилеп – 9, Тетово – 4, Струга -2, Велес – 12, Битола – 2, Македонски Брод -2.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1.170. По завршување на епидемилошките анкети, едно претходно потврдено лице во Битола е со жителство во Демир Хисар, а едно во Скопје е со жителство во Куманово и согласно ова последната дистрибуција по градови е:
– Скопје – 401
– Куманово – 320
– Дебар – 51
– Штип-32
– Прилеп –112
– Тетово – 52
– Струга – 55
– Велес – 55
– Битола –17
– Охрид –7
– Кавадарци – 4
– Гостивар –12
– Гевгелија – 4
– Струмица – 2
– Крива Паланка-4
– Радовиш – 4
– Крушево – 3
– Кочани – 26
– Пробиштип – 2
– Кичево – 2
– Неготино -2
– Демир Хисар – 1
– Македонски Брод -2

Во изминатото деноноќие направени се 697 теста. Досега во земјата се направени вкупно 11.556 тестирања на Ковид -19.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top