Во изминатите 24 часа се потврдени 54 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 13, Куманово – 25, Штип – 1, Прилеп – 10, Тетово – 1, Велес – 2, Гостивар -1, Кичево -1, информираат од Министерството за здравство.
Министерството соопшти дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово. Во Болницата „8 Септември“ починаа 2 лица, пациент од Велес (67) и пациент од Куманово (59).
Со два негативни теста и во добра општа состојба од Инфективната клиника се испишани 10 оздравени пациенти, а регистрирани се и 32 оздравени пациенти (12 од Дебар и 20 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 908 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:
– Скопје – 329
– Куманово – 236
– Дебар – 49
– Штип – 28
– Прилеп –85
– Тетово – 38
– Струга – 43
– Велес – 34
– Битола –9
– Охрид –4
– Кавадарци – 3
– Гостивар –9
– Гевгелија – 4
– Струмица – 2
– Крива Паланка-3
– Радовиш – 4
– Крушево – 3
– Кочани – 22
– Пробиштип – 2
– Кичево – 1
Во изминатото деноноќие направени се 710 теста. Досега во земјава се направени вкупно 9.262 тестирања за Ковид-19.