Вкупно 38 оздравени пациенти од Ковид-19 регистрирал денеска Институтот за јавно здравје, соопшти Министерството за здравство. По градови во Скопје -19, Тетово -3, Струга -9, Битола -4 и Гостивар -3. Во изминатите 24 часа се направени 279 тестирања, а потврдени се 21 нов случај на Ковид-19, и тоа во: Скопје -7, Куманово -6, Прилеп -4, Тетово -1, Пехчево -1, Делчево -1, Струга -1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6 април, кој 17 дена бил на механичка вентилација. На клиниката за онкологија починал пациент на 51 година од Прилеп, чиј позитивен резултат на Ковид-19 пристигнал вчера.

Вкупниот број на дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.442, бројот на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742. Досега во земјата се направени вкупно 16.050 тестирања за Ковид-19.

Последната дистрибуција по градови е следна:

– Скопје – 493
– Куманово – 384
– Дебар – 51
– Штип – 34
– Прилеп -147
– Тетово – 76
– Струга – 66
– Велес – 69
– Битола -19
– Охрид -15
– Кавадарци – 5
– Гостивар -17
– Гевгелија – 4
– Струмица – 2
– Крива Паланка – 5
– Радовиш – 4
– Крушево – 3
– Кочани – 28
– Пробиштип – 2
– Кичево – 2
– Неготино – 7
– Демир Хисар – 1
– Македонски Брод – 2
– Пехчево – 2
– Делчево – 1
– Валандово – 1
– Виница – 2



912

X