Во тој момент од циклусот, односно во овулацијата, треба да сте добро расположени и да имате високо ниво на енергија. Значи, ако наместо тоа вие сте поспани, тогаш можеби нешто друго е во игра. Еден експерт вели дека напливот на прогестерон веднаш по овулацијата може да предизвика поспаност. Во постовулаторната, лутеална фаза, нивото на естроген ќе почне да опаѓа како што се зголемува прогестеронот. За повеќето жени ова е најпроблематичниот дел од циклусот. Тоа е затоа што прогестеронот има „депресивно“ дејство, во споредба со естрогенот, и може да доведе до слаба енергија и лошо расположение. Можеби ќе сакате да го проверите вашиот циклус за да видите дали вашиот замор навистина се јавува во лутеалната фаза, што настапува откако сте овулирале.

Во која фаза сте од менструален циклус?

Веројатно го следите вашиот циклус редовно, но понекогаш работите можат да станат збунувачки. Па, ова е супер брз преглед на вашиот циклус, за оние од вас што сакаат резиме на нештата. Типичен менструален циклус трае околу 28 дена, но во повеќето случаи е исто така сосема нормално ако вашиот циклус е малку пократок, подолг или неправилен. За време на вашиот циклус, нивото на вашите хормони расте и опаѓа, а вака се формираат четирите различни фази од вашиот циклус:

Менструална фаза

Првиот ден кога ќе почнете да крвавите е првиот ден од вашиот циклус. За време на менструалната фаза, ќе крвавите додека матката ја отфрла слузницата. Во просек, крвавењето трае околу пет дена, но некаде помеѓу два до седум дена е сосема нормално.

Фоликуларна фаза

Оваа фаза обично трае околу 14 дена во циклус од 28 дена, почнувајќи од првиот ден од менструацијата (за време на менструалната фаза) и завршувајќи во периодот кога овулирате. Во тоа време, вашите јајчници се стимулираат за да произведуваат и созреваат јајце-клетки. Во зависност од тоа колку е долг или краток циклусот, оваа фаза може да варира и по должина.

Овулација

Ова е периодот кој сите нѐ интересира. Овулација е кога јајце-клетката е созреана и патува низ фалопиевата цевка кон матката. За стандарден 28-дневен циклус, овулацијата се јавува околу 14-тиот ден. За подолги или пократки циклуси, тоа често се случува околу две недели пред следната менструација.

Лутеална фаза

А последната фаза трае околу 14 дена, од овулацијата до почетокот на следната менструација, без разлика на должината на циклусот. Ако јајце-клетката не е оплодена, вашето тело ќе го искористи ова време за да се подготви за следната менструална фаза.

Зошто сум изморена за време на менструалниот циклус?

Вашето тело е многу зафатено! Не е ни чудо што сите овие активности влијаат врз тоа како се чувствувате. Вашата енергија е под влијание на порастот и падот на нивото на хормоните во вашето тело, имено естрогенот и прогестеронот. На почетокот на менструацијата – и двата хормони се на најниско ниво. Делумно поради ова, кога имате менструација, може да се чувствувате слаби. За време на фоликуларната фаза, нивото на естроген полека се зголемува и ќе се чувствувате многу подобро. Кога овулирате, нивото на естроген е на највисоко ниво, поради што заморот и поспаноста обично не се поврзани со овулацијата. Треба да се чувствувате добро! По овулацијата, во лутеалната фаза, нивото на естроген почнува да се намалува и нивото на прогестерон се зголемува. „Депресивното“ дејство на прогестеронот може да предизвика да се чувствувате уморни и малку нерасположени. Ако го искусите она што мислите дека е замор од овулација, погледнете ја внимателно должината на вашиот циклус. Можеби всушност сте во лутеална фаза.

Дали заморот по овулацијата може да биде знак за бременост?

Од друга страна, ако забележите замор во времето на овулација, можеби се прашувате дали ова е знак за бременост. Некои жени може да забележат симптоми на рана бременост веќе 6 дена по овулацијата. Според Националниот институт за здравје во Велика Британија, еден од раните знаци и симптоми на бременост е заморот, поради наглото зголемување на прогестеронот.

-Заморот може да се појави една недела по зачнувањето. Вреди да се напомене дека жените кои се обидуваат да забременат можат да бидат особено чувствителни на она што се случува со нивните тела. Имајте на ум дека има и пораст на прогестеронот за време на лутеалната фаза, што е исто време кога може да дојде до зачнување, така што заморот може да биде предизвикан од која било од овие работи. Во секој случај, самата овулација не предизвикува чувство на поспаност – велат оттаму.

Ако сте сигурни дека вашата енергија опаѓа за време на овулацијата, тогаш не сте сами сами. Многу жени изјавиле дека се чувствуваат уморни во овој период.

Што да правам ако сум редовно изморена за време на овулацијата?

Првото нешто што го препорачуваме е да го следите вашиот менструален циклус, земајќи ги предвид сите симптоми што ќе ги забележите. Ако сè уште чувствувате замор со овулацијата и тоа не може да се објасни, следното нешто што треба да го направите е да побарате совет од вашиот општ лекар. Покажете му ги сите записи што сте ги чувале за да му помогнете да постави дијагноза, но не грижете се ако ги немате – не ви требаат записи или докази за да побарате совет, вашиот општ лекар сепак ќе може да помогне.

Извор



912

X