Плачот, немирот и покачената температура јасно укажуваат дека на детето не му е добро. Но, ако забележите дека детето суптилно кима со главата при секој здив, тоа е знак дека треба што побрзо да го однесете на лекар.

Здравствените експерти, кои стојат зад страницата за прва помош на Инстаграм – „Едукација за малите срца“ , споделиле видео на кое покажале како изгледа тоа.

„Ако вашето бебе го прави ова, однесете го на лекар. Кимањето со главата е знак дека има проблеми со дишењето“, предупредиле лекарите и појасниле дека тоа е всушност движење со кое телото се обидува да внесе повеќе кислород.

Детето прикажано на видеото е хоспитализирано откако неговите родители го забележале проблемот. Лекарите констатирале дека има пневмоторакс и го задржале на одделението за интензивна нега.

Родители ги споделиле своите искуства со симптомите на респираторен дистрес кај нивните деца. Некои го забележале овој симптом и кај бебиња инфицирани со респираторен синцицијален вирус (RSV).

Извор



912

X