Многу жени веруваат во својот брак доволно за да ги остават своите кариери настрана и да станат мајки со полно работно време, но некои не сфаќаат дека тоа е огромен ризик.

Иако секој брак е различен, важно е жените секогаш да имаат опции кога е во прашање нивниот сопствен пат. Една мајка разговараше за „навредливите“ совети што ѝ ги дала една постара жена кога била млада мајка и домаќинка. На крајот сфатила дека постарата жена имала право.

Не е невообичаено мајките да ги стават на пауза кариерите за да се фокусираат на нивните мајчински обврски. Во исто време, се разбира, сопругот го издржува семејството. Но, проблемот со оваа традиционална семејна динамика е што жените ризикуваат таа одлука да влијае врз нивниот подоцнежен живот.

Мајката Бека Еркел на социјалните мрежи објави видео во кое коментира за останувањето дома. Таа има две деца и ги опишува сопствените искуства и ставови.

Таа раскажува за тоа дека кога имала 26 години, во една продавница се сретнала со пријателка на мајка ѝ. Еркел ѝ објаснила дека во моментот не работи за да може да биде дома и да се грижи за децата, на што жената реагирала.

– Само биди внимателна, не сакаш да бидеш во ситуација во која ќе се потпираш на некого – ја советувала жената. Таа ѝ предложила да го ажурира своето CV и вештините што ги има.

@bekahdayspring #stitch with @rachel | parenting + lifestyle ♬ original sound – BekahDayspring

Еркел се сеќава дека во тој период сметала дека овој совет е осудувачки и навредлив, а на пријателката на нејзината мајка ѝ рекла дека е среќно мажена и дека така ќе биде засекогаш.

Но, пет години подоцна, кога бракот ѝ бил во криза, Еркел се сетила на овој совет.

– Бев толку наивна што во моите визии бевме среќни засекогаш. Тоа беше единствениот избор. Никогаш не застанав и не размислував што би се случило ако бракот заврши – вели таа.

Поради слепата верба во бракот, таа никогаш не ја довела во прашање својата одлука. Но, бидејќи била несреќна, сфатила дека нема други опции.

Не била самостојна и не можела сама да ги издржува децата и себеси, па откако се развела, морала да помине низ тежок пат за да ја најде својата независност.

– Посакувам порано да го применев советот на оваа жена. Слушајте ги постарите, поседуваат искуство што вие го немате – вели таа.

Жените треба да бидат свесни на колкав ризик се изложуваат со ставање на нивните кариери во втор план.

Секој брак е различен, но едно нешто што жената треба секогаш да го прави е да биде свесна за нејзините избори и како тие би можеле да влијаат врз неа подоцна во животот.

Независно од тоа дали бракот ќе трае или не, жените треба да ѝ дадат приоритет на сопствената кариера, не само да бидат независни, туку и да имаат идентитет надвор од бракот. Премногу често жените се откажуваат од сопствената кариера и сета своја енергија ја пренесуваат кон својот сопруг, за потоа да се најдат изгубени и одвоени од себе.

Извор



912

X