Кога давате љубов, опкружени сте со љубов од сите страни. Се чини дека тоа е животното мото на Гај Брајант.

Брајант, кој живее во Бруклин, ги отворил срцето и домот за повеќе од 60 тинејџери од 2007 година досега, откако почнал да згрижува деца. Во еден момент имал згрижено дури 9 деца во својот дом.

Иако се чини дека повеќето згрижувачки семејства претпочитаат да згрижуваат бебиња, Брајант згрижува тинејџери.

– Тинејџерските и адолесцентните години се најтешки, но и тие лица заслужуваат дом каде што ќе можат да се вратат – вели тој. Неговата способност да згрижи непознати лица, да ги натера да се чувствуваат како дома и да ги претвори во семејство е причината што тие продолжуваат да контактираат со него и се враќаат кај него по долго време откако ќе се осамостојат.

– Помладите деца не се усогласуваат со мојата цел. Ги учам да живеат независно и убаво е да се види што можат да направат, па затоа претпочитам да згрижувам постари деца. Тоа е мојот повик – вели тој.

Дом полн со млади момчиња и хормони звучи прилично застрашувачки, но Брајант уверува дека ретко има проблеми и нема физички пресметки.

– Многу од нив успеваат во животот токму поради правилата и границите што ги поставувам. Ги учам за животот и ги учам како е да се биде татко, бидејќи така се прекинува циклусот – вели Брајант.

Извор



912

X