Воспитување

Овие вештини би требало да ги поседува секој тинејџер!

Поранешниот декан на „Стенфорд“ составил листа со вештини кои, според негово мислење, треба да ги поседува секој тинејџер. Тој вели дека младите на тие години треба да знаат сами да излегуваат на крај со своите проблеми, да ги организираат своите финансии, своето време и обврски итн. Еве ја листата со осумте основни животни вештини што треба да ги совлада секој тинејџер:

1. Да биде во состојба да разговара со непознати луѓе

Кога се мали децата, ние ги учиме да не разговараат со непознати луѓе, а би требало да ги научиме да ги препознаваат и да ги разликуваат добрите и лошите странци. Затоа подоцна децата не знаат како да се „соочат“ со непознатите, како да остварат контакт со очите и да се однесуваат со почит, а тоа многу ќе им треба таму „надвор“ во светот, без оглед дали ќе треба да стапат во контакт со продавачи, банкари, адвокати, возачи на автобус и така натаму.

2. Да биде во можност да се снајде на улица

Често ги возиме децата и секаде одиме со нив, па потоа тие не умеат сами да се снајдат во својата околина, да патуваат со јавен градски превоз, да се ориентираат каде се наоѓа нешто, како да испланираат патување и слично. А сето тоа е потребно и многу е корисно, особено ако вашето дете отиде да се школува во некој друг град, пишува „Бизнис инсајдер“.

3. Да знае само да ги организира своите обврски, да ги исполнува зададените рокови и слично

Како родители, често ги потсетуваме децата да ги изработат домашните задачи, а понекогаш и ние ги изработуваме во нивно име, па од тоа подоцна произлегува да не умеат самите да се организираат и да знаат кои задачи треба да имаат приоритет затоа што немаат родител покрај нив кој би изигрувал потсетник за обврските.

4. Да придонесе во домаќинството каде што живее

Често не им бараме помош поради густиот распоред во училиштата и поради воншколските активности, што доведува до тоа да не умеат да се грижат за себе и за своите потреби, а исто така не знаат да ги почитуваат ни потребите на другите луѓе.

5. Да знае да се соочи со своите лични потреби

Често упаѓаме и ги решаваме нивните проблеми само за да не бидат потресени или повредени, но токму затоа подоцна не се во состојба сами да ги решаваат своите проблеми, без интервенции од родителите.

6. Да знае да се носи со успесите и неуспесите

Упаѓаме и кога некои работи ќе им станат тешки, па така децата не знаат дека во животот ништо не оди во една линија, туку дека постојано се „бранува“ и не оди сè по планот. Со тоа ќе се соочуваат и на работа и во средно, во односите со надредените, со колегите, со пријателите…

7. Да знае да ги организира финансиите

Обично децата добиваат пари од родителите и живеат од џепарлакот и горе-долу добиваат сè што ќе посакаат. Децата така не го развиваат чувството за одговорност за некоја работа што треба да ја извршат и не умеат да управуваат со финансиите.

8. Да знаат да преземаат ризик

Родителите им го „чистат“ поголемиот дел од нивниот животен пат и, се разбира, ги пополнуваат сите дупки и недостатоци, ги прескокнуваат сите препреки за нив, за да не се мачат самите. Затоа децата не сфаќаат дека успехот не доаѓа лесно, туку дека е потребно некогаш да се направат и повеќе обиди и да се соочат со непредвидени околности за да успеат да го добијат посакуваното.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top