Воспитување

Овие славни родители имаат милијарди, но нема да им оставаат ништо на своите деца

Воопшто не е невообичаено децата на богатите и славни родители да живеат лесно, додека го трошат своето наследство, но има исклучоци. Мила Кунис, Даниел Крег, Џеки Чен и Марк Цукерберг се само дел од познатите родители кои имаат милијарди на своите сметки, но нема да им ги остават на своите деца. Ова се нивните причини.

Мила Кунис и Ештон Качер

„Ние не им создаваме наследство, а по смртта парите ќе ги дадеме во добротворни цели или за некои други работи. Сè уште не сме одлучиле“, откри во една пригода славниот пар. Иако тврдат дека нема да ги остават децата на цедило, нивните потомци ќе мора навистина напорно да работат за парите на нивните родители.
„Доколку моите деца некогаш сакаат да започнат сопствен бизнис и ако имаат добар бизнис-план, ќе инвестирам во него, но тие нема да ги добијат парите тукутака“, објасни Качер и додаде дека верува оти на овој начин неговите деца ќе останат мотивирани да го создаваат самите сето она што го имале во детството.

Даниел Крег

„Мојата филозофија е дека треба да се ослободам од сѐ пред да умрам. Не сакам да им оставам аманет од големи суми пари на идните генерации. Наследството го сметам за проклетство, никогаш нема да им го оставам на моите деца“, изјави еднаш Крег, кој има две ќерки.

Џеки Чен

Актерот Џеки Чен неколку пати изјави дека планира своето богатство да го донира во добротворни цели и да не му го остави на синот. Тој објасни и зошто. „Ако е доволно способен, лесно може сам да заработи пари. Ако не, тогаш само ќе го потроши моето, а јас не го сакам тоа“.

Марк Цукерберг

Основачот на „Фејсбук“ и неговата сопруга Присила Чан тврдат дека нема да им го остават своето богатство вредно 82,6 милијарди долари на своите ќерки, туку ќе донираат 99 отсто од целосната сума. „Сакаме нашите ќерки да растат во подобар свет од нашиот. Ќе го дадеме својот дел да им го овозможиме тоа, не само затоа што ги сакаме, туку и затоа што имаме морална одговорност кон сите идни генерации“, велат тие.

Сајмон Кауел

Музичкиот магнат и телевизиски продуцент Сајмон Кауел, исто така, нема намера да му го остави наследството на својот син. Како што вели, најдоброто нешто што родителот може да им го даде на своите деца е времето и да им помогне да го научат она што нивните родители веќе го знаат. „Мојот син нема да наследи ништо, подобро моите пари да ги оставам на некој друг. Најверојатно во некоја добротворна организација. Не верувам во трансфер на пари од една генерација на друга“, рекол тој еднаш.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top