Дојде и долгоочекуваниот ден Д. По девет месеци, чекате пред вратата на породилната сала. Но, татковци, бидете трпеливи уште малку затоа што дури и во породилната сала можете да направите непростливи грешки.

Реченици како овие: „Диши, мила, диши“, „Колку долго мислиш дека ќе трае?“, „Па, не е толку тешко како што мислев!“, „Сите жени се породиле, па и ти“, се строго забранети.

Во продолжение прочитајте кои работи не смеете да ѝ ги кажете на вашата сопруга пред породување.

1. „Речиси е готово“ – Затоа што можеби не е. Можеби е само почеток. Сосема е можно да има 27 часа неподносливо болно породување. Затоа, не давајте лажни ветувања ако не сакате да бидете удрени со некој предмет.

2. „Уморен сум“ – Знаеме дека сте уморни, но не сте навистина уморни. Дали е тоа јасно? Не сте уморни колку вашата партнерка која се обидува да се породи. Всушност, никогаш повеќе не смеете да кажете дека сте уморни бидејќи таа секогаш ќе биде поуморна од вас. Крај.

3. „Само ќе направам мала пауза и ќе каснам нешто“ – Таа нема паузи, така што вие нема да правите пауза. Таа нема да јаде, па нема да јадете ни вие. Сега седнете и не ни помислувајте да го извадите телефонот за да отворите „Фејсбук“.

4. „Не туркај“ – Жената ги слуша акушерката и докторот. Не треба вие да ги повторувате нивните упатства.

5. „Ќе се онесвестам“ – Ако сте чувствителна личност, гледајте видеа од породување за да се подготвите однапред. Не може да се онесвестите неколку секунди пред да се роди вашето бебе. Не само што ќе пропуштите еден од најголемите моменти во животот, туку и сериозно ќе се скарате со партнерката.

Заклучокот е: молчете или едноставно кажете: „Браво, правиш одлична работа“ или „Супер ти оди.“

Извор



912

X