Многу деца имаат стравови и грижи и понекогаш може да се чувствуваат тажни или безнадежни. Силни стравови може да се појават во различни периоди од нивниот развој. На пример, малите деца често се многу вознемирени кога се далеку од своите родители, дури и ако се на безбедно место или се згрижени.
Иако стравовите и грижите се типични за децата, постојаните или екстремните форми на страв и тага може да произлезат од анксиозноста. Сепак, психолозите истакнуваат дека постојат посуптилни симптоми кои можат да укажуваат на анксиозност кај детето. Тоа се:
-проблеми со спиењето
-ненадејни промени во расположението
-гнев
-необјаснет или зголемен замор
-чести главоболки
-болки во стомакот.

Со оглед на тоа дека овие знаци не се класични симптоми на анксиозност, многу родители не реагираат на нив, што може да доведе до посериозни проблеми, вклучително и депресија кај детето. Токму затоа, велат експертите, многу е важно да се следи секоја промена кај детето, без разлика колку и да изгледа безопасна.