Заглавени на пат кон дома, поради строгите ограничувањата и забраната за патувања, и недостигот на основни услови донесоа прилично лоши приказни за човечкото страдање.

Но, вестите ги поттикнаа луѓето да преземат акција.

Под мостот во крајбрежната држава Керала ги чека прекрасна глетка оние што минуваат во Кочи. Под мостот Болгати-Валарпадам наставници и нивните ученици се задлабочени во нивните часови.

Десет деца на работници-мигранти живеат под мостот заедно со нивните семејства. Сега тој привремен дом е и училница, благодарение на посветените наставници од училиштето „Св. Џон Боско“.

Кога владата им нареди на училиштата да затворат, а часовите почнаа да се одржуваат онлајн, наставниците сфатија дека некои деца немаат средства за да следат онлајн-настава и најверојатно нивното образование ќе биде прекинато доколку ситуацијата продолжи.

Вооружени со лаптопи и комплети за цртање, тројца наставници: Шамија Бејби, Нема Томас и Сузан Мејбл заедно со директорката на училиштето Елизабет Фернандез се обидуваат да им овозможат образование на мал дел од учениците.

Извор



912

X