„Читајте им на кучињата“ е иницијатива на библиотеките во САД.

Библиотеките се здружуваат со тимот за кучешка терапија „Давлуис“ и нудат виртуелни сесии за интерактивно читање секоја недела, во среда во 14 часот. Програмата им овозможува на децата на училишна возраст кои почнуваат да читаат и имаат тешкотии, да ги развијат своите вештини во опуштено опкружување.

– Кучињата не го критикуваат вашето читање. Исто така, тие не ве коригираат, туку само слушаат. За многу деца, тоа е смирувачко и не е стресно – вели Џени Фленор, библиотекарка.

Родителите можат да резервираат 15-минутни сесии за читање за своите деца со обучено терапевтско куче. Кети Лотер, менаџерка на програмата, вели дека кучињата работат со библиотеки, во судови и во други установи каде што се потребни нивните услуги. Поради Ковид-19, програмата сега нуди виртуелни сесии.

Фотографии: Dovelewis.org

– Децата ја обожаваат оваа иницијатива. Повеќето од нив почнуваат веднаш да им ги читаат книгите и тие се доста интерактивни – вели Лотер.

Таа додава дека досега повеќе од 1.200 деца учествувале во проектот, читајќи им гласно на кучињата како дел од виртуелната програма.

– Сите сме засегнати од Ковид-19, но едноставно мора да направите да успее. Мора да најдете начин како да контактирате со ранливите популации, како што се децата, кои се соочуваат со предизвикот постојано да се дома – вели Лотер.

Извор



912

X