Бременоста е чувствителна фаза во животот на жената бидејќи што и да правите, може да влијае и врз вашето здравје и врз здравјето на вашето бебе. Не само што треба да внимавате на исхраната, туку треба да ги земете предвид и сите активности што ги правите во текот на денот. Некои домашни работи не се безбедни, а има и такви кои по секоја цена мора да ги избегнувате.

Преместување мебел или носење тешки предмети

По првото тримесечје, треба да избегнувате каква било активност што вклучува кревање или движење на тежок предмет. Вршењето на овие работи може да го зголеми ризикот од напрегање на грбот и повреда. Ова се случува затоа што тврдите ткива во зглобовите и карличниот под се релаксираат поради хормоналните промени кои се случуваат за време на бременоста, што ве прави посклони кон повреди.

Предолго стоење

Треба да избегнувате долго стоење. Ова е важно да се примени наутро кога повеќето жени страдаат од замор или утрински мачнини. Долгото стоење може да изврши притисок врз стапалата, што може да доведе до оток и болки во грбот. Ако треба да готвите, правете паузи и не стојте долго време на нозе.

Превиткување

Чистење, перење алишта, чистење на подот и други работи кои бараат виткање не се препорачуваат за време на бременоста. Зголемувањето на телесната тежина за време на бременоста може да предизвика мало поместување во центарот на гравитацијата на телото, а превиткувањето во овој период е ризично за ијатичниот нерв (тој се протега од долниот дел на грбот до ногата). Затоа, ако се чувствувате непријатно додека работите, веднаш престанете.

Качување во висина или балансирање на една нога

Лоша идеја е да се качувате на стол или скала додека ја носите тежината на друго живо суштество. Носењето дополнителна тежина може да влијае врз вашата целокупна координација и лесно да ве исфрли од рамнотежа. Ова може да му наштети на детето, да доведе до предвремено раѓање или предвремено одвојување на плацентата. Побарајте помош кога треба да ги извршувате таквите обврски.

Користење агресивни хемиски средства за чистење или пестициди

Студиите сугерираат дека пренаталната изложеност на пиперонил бутоксид, вообичаена хемикалија која се наоѓа во инсектицидите, може да го оштети развојот на феталниот мозок. За да избегнете вакви компликации поврзани со бременоста, избегнувајте инсектициди и други средства за чистење. Кога купувате, барајте природни производи кои не содржат агресивни и токсични материи.

Автор: Татјана Третњак

Извор



912

X