Мајката и таткото се незаменливи, а нивните улоги, колку и да се слични, всушност се различни. Но исто така нема личност, а ни научно истражување што ќе каже дека мајките се подобри или дека татковците се подобри.

Секој има свои адути, но иако и овој текст генерализира, веруваме дека ќе се согласите дека во некои работи мајките се закон, а во некои – татковците.
И сега мајките нека не се разочаруваат, но во врска со некои прашања децата својот победнички бод ќе им го дадат на татковците. Зошто? Затоа што некои работи се едноставно подобри со таткото.

Можеби не се од животна важност, но секако се важни за секое дете.

1. Татковците подобро играат и во таа акција е преубаво да ги гледаш. Освен ако е време за спиење и баш тогаш таткото претерува.
2. Со татковците е полесно да се пребродат ситните повреди и модринки – таткото секогаш ќе биде оптимист и ќе рече: „Ништо не е, што е животот без тоа?“
3. Татковците позабавно читаат – тие едноставно не знаат да бидат сериозни додека се чита приказна зашто сите ликови во книгата мора да имаат различен глас.
4. Татковците играат погрубо од мајките и од некој причина тоа децата го обожаваат. Борење во моментот кога најмалку очекуваат? Тоа е вистинската работа!
5. Татковците и риболовот – и мајките одат на риболов, но мора да признаете дека таа работа почесто ја одбираат машките, а риболовот со таткото е одлична причина за малку забава и сериозни разговори меѓу таткото и детето.
6. Татковците и криенката – додека мајките се грижливи и разумни дури и во играта, татковците ќе им покажат на децата како се крие на најскришните места само за да биде што позабавно.
7. Татковците и играта во песок – можеби мајките ќе направат поубави торти и колачи, но на децата позабавен ќе им биде таткото кој копа подлабоко и повеќе од кој било друг.
8. Со татковците гледаат сè – зашто татковците сакаат да го стават своето дете на рамена и така да го носат низ толпата луѓе.
9. Значи, татковците се подобри за авантура, всушност, времето поминато со таткото некако секогаш може да се нарече авантура.

10. Татковците повеќе го сакаат спортот – и повеќе сакаат да ги соберат децата и со нив да заиграат фудбал.
11. Кловнови во вода – летните лудории и татковците едноставно одат рака под рака. Кој да се брчка на работ од базенот кога тоа е идеално време децата да се фрлаат на сите страни во водата.
12. Татко-кампер – секое дете заслужува барем еднаш во животот да оди на кампување во природа, а тука таткото, мора да признаете, едноставно е цар.
13. Татковците не се плашат од бубачки – затоа тие ќе им ја всадат на децата љубовта кон природата.
14. Татковците побрзо ги смируваат децата кога се збеснати, а мајките објаснуваат и многу вербално го анализираат проблемот.
15. Татковците не се грижат многу за зацртаните распореди – додека мајките ќе направат сè за побрзо да стигнат дома, на пр., затоа што е време за спиење или за јадење. Татковците ќе уживаат во местото каде што се и во тоа што го прават со мотото: „Ќе се наспијат кога-тогаш, а ако се гладни, нешто ќе се најде“.
16. Татковците се мајстори за глупирање – со детски костим на себе или без него.
17. Татковците прават подобри јадења – зашто со нив и јадењето е поубаво и позабавно. Всушност, татковците што готват го прават тоа многу позабавно и пооригинално од мајките.
18. Таткото е подобар научник – дури и кога нема поим што прави, неговата задлабоченост во училишните задачи и проекти е еднаква на најдобрата инспирација поради која детето ќе ужива во таа работа, зашто притоа таткото си игра, се шегува и веројатно ќе извалка сè наоколу.
19. Татковците побрзо од мајките ќе ги остават децата кај некој друг да ги чува.
20. Татковците што не готват се уште позабавни затоа што ќе ги третираат децата како возрасни и наместо да им стоплат вечера, ќе ги однесат некаде на машка закуска.



912

X