Анџули Паскал, мајка на две деца, воопшто не се грижи дали куќата ви е средена кога ќе дојде кај вас на гости со децата за играње. Во објава на „Фејсбук“ таа пишува дека не само што очекува да види неред кој е составен дел од секојдневниот семеен живот, туку и ќе ви помогне малку да ги соберете работите додека зборувате и се дружите.

„Пред да одите кај пријателка на договорено дружење помеѓу децата, испратете ѝ ја оваа порака:

– Очекувам да видам корпи со облека во дневната соба, играчки на подот и деца во пижами. Немој да ги исправаш перниците или да бришеш и отстрануваш сè од масата. Те молам немој да правиш некое фенси послужување, да ни подготвуваш зеленчук или да местиш кревети. Претпоставувам дека децата ќе се расправаат меѓусебно, дека ќе бидат гласни и дека (постојано) ќе бараат некои грицки. Можам да го поднесам тоа. Твојот живот не е премногу за мене.

Само сакам да те видам. Дури и да започнеме 12 разговори што нема да ги завршиме, убаво е да се биде со тебе. Ајде да подгрееме готова храна, да вклучиме цртан и да ги миеме садовите заедно. Многу сум благодарна што имам пријателка како тебе. Ќе земам кафе кога ќе доаѓам, и секако – ќе доцнам. Да продолжиме да им даваме слобода на нашите пријателства.

Автор: Анџули Паскал

Извор



912

X