Игротека

Потрошила над 8.000 долари за подароци за децата бидејќи тие го заслужувале тоа по тешката година

Реј Џил, мајка на две деца, ги шокирала гледачите на британската емисија „Дис морнинг“ кога во текот на нејзиното гостување признала дека на своите деца им купила подароци вредни повеќе од 8.000 евра. Како што вели, таа смета дека го заслужуваат тоа по оваа тешка година.

Таа на нејзината 17-годишна ќерка и на 15-годишниот син ќе им подари автомобил, таблет и играчка конзола бидејќи биле многу добри во текот на пандемијата.

– Оваа година ние само ќе трошиме, трошиме и трошиме. Тие го заслужуваат тоа, беа навистина добри, а ова беше тешка година. Не бевме на одмор, не јадевме во ресторани и тие ништо не бараа. Ова е нешто што сакам да го направам за нив бидејќи навистина се добри деца – истакнува Џил.

Гледачите и интернет-корисниците се поделени. Некои на социјалните мрежи коментираат дека не гледаат смисла во оваа одлука и тврдат дека таа само ќе ги разгали децата, додека пораката на другите е дека тоа се нејзини пари и може да ги потроши како сака.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top