Правилната исхрана е важна за сите, особено за децата, кај кои го стимулира растот и развојот на мозокот.

Најважна е храната богата со омега-3 масни киселини, фолати, железо, јод, цинк, холин и витамини А, Б12 и Д.

Д-р Ума Наидо, нутриционист од „Харввард“, споделува некои намирници кои можат да им помогнат на децата да останат фокусирани.

Смути

Смутито е одличен начин да ги вклучите здравите хранливи материи во исхраната на вашето дете. Во смутито можете да додадете спанаќ, кој е богат со фолна киселина и растителни влакна, додека чиа семето или јаткастите плодови ќе обезбедат омега-3 масни киселини, влакна и протеини. Можете да го подобрите вкусот со додавање боровинки богати со антиоксиданси, додека обичниот, незасладен јогурт ќе му даде на смутито кремаста структура и ќе обезбеди доза на пробиотици за здрави црева.

Крцкав зеленчук

Децата обично не сакаат варен зеленчук, па затоа е подобро да се подготвува во рерна или со пржење. Така ќе биде крцкав и сочен.

Хумус

Мешунките се богати со железо, цинк, протеини и растителни влакна. Сето ова е неопходно за развој на мозокот. Ако вашето дете не сака да јаде мешунки, можете да ги претворите во хумус, кој одлично оди со крекери, домати, краставици, моркови или парчиња јаболко.

Јајца

Јајцата се одличен извор на витамини А, Д и Б12, како и холин. Докажано е дека холинот го подобрува развојот на мозокот и долгорочната меморија. Јајцата се, исто така, богати со омега-3 масни киселини и витамин Е.

Лосос

Лососот е одличен за малите деца. Тој е добар извор на витамин Б12 и омега-3 масни киселини, кои го поттикнуваат развојот на мозокот и подоброто расположение.

Извор



912

X