Некои видови храна, како што се јаткастите плодови, се воведуваат во исхраната на децата постепено и внимателно бидејќи можат да предизвикаат алергиска реакција. Намирниците што ги користиме секој ден може да доведат до сериозни алергии.

Многу родители знаат колку се опасни алергиите на јаткасти плодови. Денес, медицинските експерти известуваат дека постои нова опасност од алергија на друга храна, што е еднакво сериозна.

За жал, ова е основа на исхраната со години и може да биде потешко да се искорени. Веб-страницата „Веб-ем-ди“ објави дека анафилаксијата предизвикана од храна (алергиска реакција) довела до 25 отсто зголемување на хоспитализациите кај децата меѓу 2006 и 2012 година, според анализата на податоците од педијатриска болница спроведена во 2019 година.

Иако кикиритките и некои ореви се виновни за алергиските реакции, кравјото млеко сега е најчестата причина за алергии од храна кај децата на возраст под пет години, се вели во извештајот на „Веб-ем-ди“.

Неверојатен е фактот што кравјото млеко опфаќа половина од сите алергии на храна кај децата под една година.

– Алергијата на кравјо млеко е најнепријатната алергија на храна. Многу луѓе не се свесни дека може да предизвика сериозна анафилаксија – вели Карла Дејвис, директорка на програмата за алергии на храна во Детската болница во Хјустон, Тексас.

Извештајот објаснува дека кравјото млеко е омилено кај децата поради калциумот, витамините и другите хранливи материи, како што се протеините. Сепак, некои од овие протеини телото ги смета за непознати и ги напаѓа, што доведува до алергиска реакција. Некои експерти велат дека затоа е многу важно да се едуцира јавноста за опасностите од млечните производи денес.

Ако постои добра вест, тоа е дека извештаите посочуваат дека како што растат децата, некои од нив ќе ја надминат алергијата на кравјо млеко.

Автор: Мишел Кохен Марин

Извор



912

X