Игротека

Ова видео ја покажува реалната борба на секоја мајка да оди во бањата без да влезе нејзиното дете

Секоја мајка знае дека откако ќе се породи, времето што некогаш го имала одеднаш исчезнува. И не станува збор за ден во спа-центар или за лежерна прошетка. Станува збор за едноставниот чин на одење во бањата на мир.

Нешто во врска со глетката на затворената врата од бањата е доволно за вашето дете да биде очајно за вашето внимание.

Едно интересно видео на една мајка ја прикажува реалноста кога мајките се обидуваат да одат во бањата кога нивното дете е дома. Така, таа на „Тик-ток“ објави видео додека е во бањата, надевајќи се на малку мир и тишина. Но, нејзиното дете има други идеи.

– Мамо! Може да те гледам како какаш? – се слуша момчето од другата страна на вратата.

– Сакаш да ме гледаш како какам? – прашува мајката. Кога го прашува зошто би сакал да направи такво нешто, детето дава универзален одговор: – Така.

Таа постојано повторува не, но тој упорно тврди дека е навистина важно да ја гледа. Видеото за брзо време стана вирално на „Тик-ток“ со над 3,2 милиони прегледи, а голем дел од интернет-корисниците велат дека станува збор за видео со кое најмногу можат да се поврзат и поистоветат.

Смешно е тоа што тие навистина сакаат да нè гледаат додека какаме – вели една мајка.

– Мојот син има 9 години и сè уште не можам да одам во бањата на мир. Тој сака да тропа на вратата и да поставува прашања – вели друга.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top