Адел и Мет Ален ги воспитуваат своите три деца на принципот на „детска автономија“, дозволувајќи им сами да си ги изберат наставната програма, времето за спиење, времето за оброци и обврските.

Семејството, кое живее во Брајтон, Велика Британија, употребува неконвенционално родителство, што е во согласност со нивните штедливи и природни животни навики.

– Вака живеевме и пред да имаме деца, па тоа едноставно продолжи и влијаеше врз сите наши одлуки откако забременив – вели Адел.

Родителите, кои имаат 39 години, немаат доверба во здравствениот и образовниот систем и им дозволуваат на своите деца да донесуваат сопствени одлуки уште од мали.

– Не ги вакциниравме, за што луѓето велат дека е сурово од наша страна, и не го користиме здравствениот систем. Наместо тоа, користиме природни билни лекови – открива мајката на трите деца кои се на возраст од 12, 8 и 4 години.

Сите нејзини деца ги доела до нивната трета година, за што родителите веруваат дека им дало добра здрава основа во иднина да бидат поздрави.

– Не го користиме ниту образовниот систем. Тоа значи дека тие треба да покажат интерес за нешто за ние да го истражуваме тоа нешто со нив, наместо да ја следиме наставната програма и да им кажуваме што да научат – вели таа, додавајќи дека верува во автономијата на нејзините деца и им дозволува сами да управуваат со нивните животи, да донесуваат сопствен избор, наместо да им диктираат и наметнуваат што било.

Семејството не верува дека родителите треба да одлучуваат што да прават нивните деца и наместо тоа, треба да им дозволат да го најдат она што ги прави среќни. Така, нејзината најстара ќерка Остара пројавила интерес за шиење, па ја усовршува оваа вештина, додека нејзиниот син Уликс моментално ја истражува својата страст кон животните и компјутерите.

Таа е уверена дека нејзините деца ќе научат сè што треба да знаат – и покрај фактот што луѓето паничат поради нејзините методи на воспитување бидејќи таа не ги принудува своите деца да научат да читаат и пишуваат.

– Нашиот син имаше 10 години кога почна да се интересира да пишува и чита. Сам зеде пенкало и хартија и сам учеше. Јазикот е насекаде околу нив. Бидејќи не се во училница, нема притисок да се прават одредени работи на одредена возраст.

Семејството го споделува својот уникатен начин на живот на „Инстаграм“ и „Јутјуб“, каде што повремено мора да се бранат, но сепак имаат истомисленици и заинтересирана публика.

– Не сакаме децата да го поминуваат животот правејќи го она што другите луѓе им го кажуваат да го прават. Сакаме да ја пронајдат својата страст и да не губат време во животот, за да знаат кои се до моментот кога ќе добијат деца – заклучува таа.

Извор



912

X