Периодот со дете до 2 години е исцрпувачки и понекогаш може да изгледа дека би било многу полесно само да ги кренете рацете и да му ја препуштите целата контрола на вашиот мал „тиранин“ отколку да се обидувате да се договорите со него. Постојат неколку причини зошто малите деца не слушаат.

Тие сè уште се обидуваат да разберат што значи да се „слуша“

Прво, иако е неверојатно тешко да се примени тоа додека вашето дете очигледно ве игнорира, важно е да разберете дека неслушањето има врска со него, а не со вас. – Кога малите деца „не слушаат“, тоа не значи дека се пркосни или непромислени, туку тие сè уште практикуваат многу работи, вклучително и слушање – смета детскиот психијатар Хелен Егер. Таа понатаму објаснува дека малите деца не само што сè уште учат и се развиваат, туку тие се и луѓе, исто како и сите други. „Малите деца се човечки суштества кои имаат сложени чувства врз кои влијае тоа колку се уморни, дали се гладни итн., исто како и постарите деца и возрасните“.

Тие не разбираат што треба да направат

„Малото дете можеби нема да ги разбере упатствата или родителот може да даде инструкции пред целосно да му го привлече вниманието на детето“, вели Никол Мерц, специјалист за детски развој. Егер се согласува дека комуникацијата често е погрешна во овие ситуации. На пример, ако вашата насока („наредба“) е премногу сложена, можеби не е случај дека вашето дете не слуша, туку едноставно нема да може да ја следи. Друга можност е да го немате неговото целосно внимание затоа што нешто го мачи, што значи дека не слуша сè што ќе кажете.

Транзициите се непријатни за децата

Транзициите се многу тешки за малите деца, па ако побарате веднаш одговор од нив, веројатно нема да го добиете. Слично на тоа, Мерц забележува дека ако мало дете се вклучи во „пожелна активност“ и се бара од него да направи нешто што не сака да го прави, не само што треба да го замолите да премине од една активност на друга, туку и барате од него да премине од нешто забавно на нешто здодевно, па затоа ќе се јави отпор во форма на излив на гнев.

Тие немаат вистинска мотивација

Егер посочува дека можеби нема да бидат мотивирани да го прават она што им е кажано ако не им дадете позитивни аргументи веднаш по давањето инструкции, на пример: „Ми се допаѓа начинот на кој ги ставаш чевлите во плакарот кога тоа го барам од тебе“.

Извор



912

X