Сензационалниот дел од тоа да се биде родител е фактот што постојано мора да одговарате на чудни и тешки прашања. Малите умови на дечињата почнуваат сѐ да поврзуваат и пред да знаете, вашите деца ве прашуваат за работи за кои не сте ни сонувале дека ќе ве прашаат.

Тешко е да се погледне новороденчето и да се замисли денот кога ќе ве праша: „Што би се случило ако се качам на виножито и се измочам во шумата?“ Но, тие денови доаѓаат, а животот е подобар токму поради тоа.

Децата знаат да изненадат со одредени прашања кои не само што ќе ве воодушеват туку и заслужуваат одговор. Ова се трите прашања за кои голема е веројатноста децата да ве прашаат, па бидете подготвени да им одговорите.

Кој е Бог?

Да почнеме со најголемото прашање од сите. Бог. Исус. Буда. Мухамед.

Списокот е долг. Без разлика кого ќе изберете или дали воопшто ќе изберете, треба да сте подготвени да разговарате со вашите деца за сите работи за религијата.

Децата се љубопитни суштества, па кога прашуваат за повисока сила, треба да можеме да им одговориме на начин што ќе направи да се чувствуваат добро. На децата не им е потребна премногу доктрина или догма кога се мали, па затоа одговорот на ова прашање треба да биде убаво подготвен.

Почнете со ублажена искреност. Кажете му дека не знаете многу за Бог освен дека сте слушнале од другите луѓе. Исто така, добро е децата да знаат дека некои луѓе веруваат во Бог, а некои не. Кажете им дека е во ред да размислуваат онака како што тие сакаат бидејќи работите што Бог сака луѓето да ги знаат е да бидат добри едни со други, да не се повредуваат и тоа не се само Божји работи, туку и работи на луѓето.

Дали таа личност сега е во рајот?

Разговорот со децата за смртта изгледа необично. Така, нормално е децата да сакаат да знаат што се случило со нивната баба, дедо или куче и зошто луѓето плачат.

Уште еднаш, не постои магичен одговор. Секако дека зависи од тоа како вие сакате да им ја раскажете приказната и во што вие верувате.

Можете да кажете дека таа личност повеќе не е во светот во кој живееме, но е тука на различни начини: во вашите мисли и во мислите на детето и дека таа личност живее сосема поинаков живот.

Можете да му кажете дека личноста станува дел од сеќавањата и од приказните за неа.

Зошто не можам да јадам благо?

Да се биде родител е доволно тешко секој ден, па постојат моменти кога децата заслужуваат одговори на тешки прашања кои не се нужно научно базирани.

Така, децата секој ден го почнуваат со прашањето зошто не можат да јадат бонбони или благо наместо супа или грашок.

Објаснете им на децата дека постои добра и лоша храна. Иако добрата храна нема толку добар вкус, таа дава енергија што на децата им е потребна за да играат, тренираат и да учат. За разлика од добрата и здрава храна, нездравата храна ја одзема енергијата што им е потребна на децата за да функционираат.

Извор
Автор: Серџ Биеланко



912

X