Ново истражување покажало дека мајките чија работа е да се грижат за семејството и за домот се посреќни од оние што одат на работа.
Ако на седењето дома со децата би се гледало како на работа, тие жени би биле класифицирани како најсреќни работници во споредба со вработените во другите професии.
Само една од седум жени или мажи што седат дома рече дека е незадоволна поради тоа што останува дома, што е за половина помалку од незадоволството кај државните службеници и продавачи.

Истражувањето во кое учествуваа повеќе од 3.000 луѓе го спровела британската осигурителната компанија LV, а главно прашање било дали се задоволни или незадоволни од нивниот живот. Така, 87,2 проценти од луѓето што остануваат дома одговориле дека се среќни со својата работа.

Работниците се најсреќни во овие пет гранки: угостителство и организација на настани (86,3 %), креативна уметност и дизајн (84,4 %), хуманитарниот сектор (83,9%) и спорт и туризам (83,7%).
Најмалку се задоволни вработените во маркетинг, рекламирање и односи со јавноста. На дното по незадоволство се продавачите, државните службеници и вработените во бутици.

– Домаќинките се посреќни од сите луѓе со која било професија иако работат двојни смени – се наведува во извештајот.
Британско државното истражување исто така покажало дека повеќе од една третина од мајките што работат би сакале да не одат на работа и да останат дома со своите деца. Меѓутоа, невработените мајки се под голем притисок од државата за да најдат работа, а децата да ги пратат во градинка, пренесува „Дејли мејл“.



912

X