Дали чекате принова? Тогаш веројатно често го слушате прашањето дали веќе сте одбрале име за новиот член на семејството. Во случај да не сте избрале, а сè уште барате идеја, можеби ќе бидете инспирирани од најпопуларните имиња за бебиња во светот.

На веб-страницата „Летер Солвер“ составиле извештаи од дванаесетте месеци од 2023 година за да добијат податоци за најпопуларните имиња, за момчиња и девојчиња. Откриле дека моментално имињата со силни религиозни врски доминираат низ светот. Варијациите како Марио, Мери и Миа, сите изведени од хебрејското Мирјам, се најпопуларни во 17 земји. Името Софија води во девет земји.

За момчињата, варијациите на името Мохамед се број еден во десет земји. Името Ноа е прво во седум земји. Најчестите имиња во САД се Оливија и Лијам, додека најчестите имиња во Англија, Велс и Шкотска се Оливија и Ноа.

Најпопуларните имиња за момчиња во земјите низ светот

Австралија: Оливер
Австрија: Пол
Белгија: Ноа
Хрватска: Лука
Данска: Вилијам
Англија и Велс: Ноа
Естонија: Робин
Финска: Лео
Франција: Лео
Германија: Ноа
Унгарија: Левенте
Ирска: Џек
Северна Ирска: Џејмс
Италија: Леонардо
Холандија: Ноа
Португалија: Франциско
Полска: Антони
Романија: Андреј
Шкотска: Ноа
Шпанија: Мартин
САД: Лијам

Најпопуларните имиња за девојки во земјите низ светот

Австрија: Марија
Австралија: Исла
Белгија: Оливија
Хрватска: Миа
Данска: Ела
Англија и Велс: Оливија
Естонија: Миа
Финска: Оливија
Франција: Жад
Германија: Емилија
Унгарија: Хана
Ирска: Емили
Северна Ирска: Грејс
Италија: Софија
Холандија: Ема
Португалија: Марија
Полска: Зофија
Романија: Марија
Шкотска: Оливија
Шпанија: Лусија
САД: Оливија

Извор



912

X