Серијата „Пријатели“ нѐ смееше до солзи, со неа растевме, се смеевме и плачевме, знаевме за нивните маани, доблести, недостатоци, ги знаевме нивните чувства, тага и страдање.

И секогаш им се враќаме и можеме да ги гледаме повторно и повторно.

Метју Пери беше особено сакан поради неговата специфична смисла за хумор. Кога неодамна нѐ напушти, многумина од нас почувствуваа тага токму поради среќата и хуморот што ни ги носеше. Тој не беше татко во реалниот живот, а не беше татко ни во речиси 10. сезони од серијата. Сепак, некои негови изјави навистина можат да допрат до секој родител.

Кога не знаеме што правиме…

Некогаш едноставно не знаеме што и како да го направиме нештото. Колку и да се очекува од нас да ги имаме работите под контрола, да ги знаеме одговорите на сите прашања и да знаеме да го решиме секој проблем, тоа понекогаш не е така. Некогаш едноставно треба да се послужиме со легендарниот цитат на Чендлер: „Не ми одат добрите совети. Те интересира еден саркастичен коментар?“

Кога нашите деца реагираат претерано

Рос влегува во „Централ перк“ и изгледа прилично тажно.

„Некој на работа ми го изеде сендвичот“, вели тој потиштен.

Чендлер изгледа ужаснат, па му вели: „Што рече полицијата?“

Оваа реченица можеме да ја користиме со децата секој ден? Дури и ако не ја сфатат, вам ќе ви биде смешно и ќе го намалите интензитетот на бес.

Кога ќе треба малку да ја „искривите“ вистината

На децата треба да им се кажува вистината. Тоа е факт и никако не поддржуваме да ги лажете. Дури и кога станува збор за големи, комплицирани проблеми кои се за возрасни и се премногу страшни или премногу тажни за децата целосно да ги разберат, секогаш постојат верзии на вистината кои може да им помогнат да го процесираат она што се случува.

Но, понекогаш едноставно мора да лажете. Или барем да ја прикриете и малку да ја „искривите“ вистината.

Во една сцена Чендлер е фатен во лага: откако му вели на Џои дека е на пат за да не мора да оди на кошарка со него, Џои се наоѓа пред станот на Моника, а Чендлер е внатре.

„Ме лажеше?“ – ја прашува Моника со неверување.

„Секогаш е подобро да лажеш отколку да водиш комплицирана расправија“, одговара Чендлер, а потоа додава: „Освен со тебе!“

Кога едноставно повеќе не можете...

Секако дека на децата нема да им кажеме дека повеќе не можеме да ги слушаме истите зборови, дека преку глава ни се истите гласови од цртаните, дека косата ни се крева од истите песни…

Едноставно, следниот пат потсетете се на Чендлер во една од легендарните сцени кога го носат каучот по скали, додека Рејчел и Рос се расправаат. Кога Рос ќе почне да повторува: „Пивот! Пивот! Пивот!“, Чендлер во свој стил вика на цел глас: „Замолчи! Замолчи! Замолчи!“

Извор



912

X