Стравот и грижата за породувањето се сосема природна појава, особено ако бремената жена ги слуша тешките приказни на другите жени околу себе. Еве три најчести стравови со кои се соочува секоја бремена жена пред породувањето.
Породувањето е болно за повеќето жени, но не грижете се, ќе бидете во ред.
Многу често, особено кон крајот на бременоста, бремените жени слушаат многу приказни и искуства од другите мајки. Многу од нив се тешки и болни, што дополнително ги интензивира стравот и загриженост за нешто ново што доаѓа. Зошто да ѝ велите на ранлива бремена жена дека породувањето е најлошото нешто што може да го доживее? Обично многу мајки го прават ова за да покажат низ што поминале и колку им било тешко. Сепак, таквите работи не треба да им се кажуваат на бремените жени.
Кои се најчестите стравови поврзани со породувањето?
1. Стравот од болка при породувањето
Постојат многу начини да се дејствува врз болката. Може да одите на пренатална едукација што ќе ви помогне да вежбате природни техники и секогаш можете во консултација со лекар да изберете епидурална анестезија. Во секој случај, изберете го она што мислите дека ви е потребно. Ако не сте подготвени за дишење, опуштање и разни техники, епидуралот може да биде опција. Многу жени секојдневно се породуваат со анестезија.
2. Страв од смрт при породување
Смртните случаи се околу 1 процент, и тоа како резултат на некои многу сериозни компликации, на пр., инфекција, висок крвен притисок, хеморагија.
Ако доволно се трудите околу пренаталната нега, шансите за смрт се исклучително мали.
3. Проблеми со срцето
Нема причина да се грижите, a ако имате некое срцево заболување мора да сте под постојана лекарска контрола. Срцето може да го поднесе тоа. Ако има проблем, лекарот ќе го најде најбезбедниот начин за породување.
Ако имате страв, треба да разговарате со некого, било да е тоа терапевт, лекар или партнер, мајка, пријател.
Автор: Џејн Фалкнер