Игротека

Ова момче треба да се прогласи за братче на годината

Видео што покажува дека овие деца се воспитани да се почитуваат.

На видеото се гледа како едно малечко девојче сака да излезе од нејзиното креветче за да легне во креветот на нејзиното поголемо братче.

– Сакам да легнам во твојот кревет – вели малото девојче Виви.

– Пак сакаш да легнеш во креветот? – ѝ вели братчето.

– Дали може да ми го дадеш столчето за да слезам? – вели Виви.

– Да – ѝ вели момчето.

– Фала ти, Ливај – одговара културно Виви.

– Сакаш да ти помогнам? – вели Ливај.

– Не, можам сама – му вели Виви.

Девојчето слегува од креветчето, но ја заборава својата кукла. По грешка ја зеде пижамата, на што Ливај ѝ вели дека е во ред и дека ќе ѝ ја донесе куклата. Момчето се качува на столчето, ја зема куклата и двајцата легнуваат во неговиот кревет.

– Ме удри, Ливај – вели таа.

– Извини – ѝ вели тој.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top