Воспитување

Ова е тајната за воспитување деца со високо ниво на самодоверба, според родителите

Ново истражување спроведено на 1.000 родители на деца на училишна возраст покажа дека 47 отсто рекле дека се сигурни дека тие се добар пример за самодоверба за своите деца, додека 54 отсто им дозволуваат на децата да донесуваат свои одлуки и им дозволуваат да извршуваат мали задачи со кои ќе ја зголемат нивната самодоверба.

Истражувањето, спроведено од „Уанпол“ и „Стоке“, има цел да го одреди стилот со кој родителите ги воспитуваат своите деца. Истражувањето открило дека 73 отсто од родителите изјавиле дека се чувствуваат добро во врска со родителските способности кога ќе видат дека нивните деца се среќни и сигурни. Исто така, 74 отсто рекле дека блиската врска со нивните деца е клучна за таа самодоверба.

Детето што расте верувајќи во своите способности е бестрашно и подготвено да се избори со пречките што ќе му ги создаде животот

Повеќето родители што учествувале во истражувањето се надеваат дека прославата на детските достигнувања ќе ја зголеми нивната целокупна самодоверба. 78 отсто од родителите се трудат да ги прослават сите пресвртници или „први победи“ на своето дете. Од првото паднато запче на бебето до средно и основно училиште, родителите сакаат да ги обележат сите важни моменти од животот на своите деца.

На возраст од пет години, просечниот родител ги тера своите деца сами да си ги мијат забите и сами да си ги собираат играчките, без никаква помош. На шест години просечниот родител ги охрабрува децата да си го наместат креветот и да учествува во приготвувањето на оброкот. Кога првпат забележале дека нивните деца покажале самодоверба, 62 отсто од родителите биле неверојатно среќни, додека 47 отсто почувствувале гордост. Но, за еден од седум родители стекнувањето независност било истовремено и горчливо и слатко искуство.

Довербата е еден од најдобрите подароци што родителот може да му ги даде на детето

Покрај воспитувањето независни деца, родителите ги охрабруваат своите деца и критички да размислуваат. 79 отсто од испитаниците изјавиле дека го охрабруваат своето дете критички да размислува и да користи логика на дневна основа.

– Довербата е еден од најдобрите подароци што родителот може да му ги даде на детето. Детето што расте верувајќи во своите способности е бестрашно и подготвено да се избори со пречките што ќе му ги создаде животот – објаснува портпаролот на „Стоке“.

– Таквите деца можат слободно да се занимаваат со своите страсти. Тие веруваат во своите големи или мали соништа и имаат храброст да ги следат. Кога детето е силно поврзано со својот родител, безбедноста што ја чувствува му дозволува да ја надмине својата зона на удобност – е еден од заклучоците на истражувањето.

Исто така, во истражувањето пишува дека ова им овозможува на децата да се препуштат на своето природно чувство на љубопитност, да го истражуваат и да учат за светот.

Во меѓувреме, четири од пет родители велат дека воннаставните активности се исто толку важни за градење на самодовербата на нивното дете. Како резултат, родителите ги охрабруваат своите деца да испробуваат различни активности. Во просек, децата се вклучени во четири различни воннаставни активности истовремено. Три од четири родители се надеваат дека нивното дете ќе добие поголема самодоверба преку искуството што го нудат воннаставните активности.

Автор: Зоја Гервис

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top