Децата многу лесно можат да се скараат за некоја ситница, но исто толку лесно знаат и да се смират. Во најновата сликовница „Биби, Боби и змејот“ ќе дознаете за кавгата меѓу Биби и Боби и како тие на крај најдоа решение. Исто така, во оваа сказна се кријат неколку поуки за тоа како децата да се однесувате со другарчињата, како да запознаат нови пријатели, како да не се плашат од различните.

– Леле, глупава приказна! Ова е приказна за девојчиња. Бебе-змеј што сакало да се гали! Не, туку Боби влезе во пештерата и се најде лице в лице со еден ужасен, страшен змеј. Но Боби не се исплаши, го извади мечот и почна да се бори со змејот! Е ова е страшна приказна, како за храбри момчиња… – беше упорен Боби.
– Не, ова е храбра приказна, и тоа уште похрабра од твојата! Значи, во пештерата не живееше само бебето-змеј. Штом Биби почна да го гали, однекаде долета мајката-змеј, која беше голема и страшна! – продолжи Биби.

– Мајката-змеј се плашеше од луѓето затоа што тие ги гонеа змејовите. Луѓето не разбираа дека змејовите не се лоши! И така, мајката-змеј си помисли дека Биби е како другите луѓе и дека сака да му направи нешто на нејзиното бебе, па тргна да го брани. Рикна со страшен змејовски глас! Рааааааааааааа! Но, Биби не се плашеше! Таа застана пред мајката-змеј и ѝ рече: „Не ти мислам ништо лошо. Погледни, јас и малечкото се галиме“. И тогаш малото змејче повторно почна да се гали со Биби, а мајката-змеј виде дека Биби му е пријателка.
– Змејовите се лоши, сите го знаат тоа – се инаетеше Боби.
– Не се!
– Е се!
– Е не се!
– Се, се, се!

Остатокот од приказната прочитајте го во новата сликовница, која може да ја нарачате од интернет-продавницата svetotnabibi.mk

 



912

X