Скапо е да се живее во Сан Франциско, а уште поскапо е да се одгледуваат деца во тој град. Просечниот годишен трошок за одгледување дете во Сан Франциско е речиси двојно поголем од она што вообичаено го плаќаат Американците, според анализата на 381 американски град од страна на платформата за финансиски совети „Смарт асет“.

Одгледувањето дете во Сан Франциско чини 35.647 долари, или 33.217,66 евра годишно во просек, што го прави најскапото место во САД за одгледување деца. Тоа е далеку над вкупниот просек на САД од 20.813 долари годишно – и речиси три пати поскапо од најниско рангираниот град Мористаун, Тенеси, каде што трошоците за одгледување деца се во просек 14.577 долари годишно.

Со други зборови, трошоците за одгледување дете во Сан Франциско се малку помали од она што би го заработиле работејќи полно работно време со 18,07 долари на час, колку што ќе изнесува минималната плата во градот, почнувајќи од јули 2023 година. Трошоците ги вклучуваат трошоците за храна, кирија, грижа за децата, здравствена заштита и транспорт, врз основа на податоците од „калкулаторот за животна плата“ на МИТ, за 2022 година. Најголемата ставка во вкупните трошоци е киријата, која се движи од 12.000 до 13.000 долари годишно, во зависност од тоа каде живеете.

Најевтините градови во САД за одгледување дете се во Јужна Каролина

Инаку, осум од 15. најскапи градови за одгледување дете се наоѓаат во Калифорнија. Изненадувачки, и покрај релативно ниските трошоци за кирија, градовите во Мичиген се меѓу најскапите места во САД за одгледување дете, со Ен Арбор, Каламазу и Детроит меѓу првите 15.

Од друга страна, седум од 15. најдобри американски градови за одгледување дете може да се најдат во Јужна Каролина.

Чарлстон, Гринвил, Колумбија и Хилтон Хед се меѓу најевтините, со просечни годишни трошоци околу или под 16.000 долари, според „Смарт асет“.

Извор



912

X