Популарниот руски психолог Михаил Лабковски зад себе има 40-годишно работно искуство. Во една пригода тој зборуваше за воспитувањето на ќерките.

– Статистички, во семејствата, жените се најчесто жртви. Не ми се допаѓа идејата дека жените се пасивни и пожртвувани по природа. Всушност, постојат социјални корени, норми, но и родителски реченици што буквално ги уништуваат девојчињата, а подоцна и жените:

„Ти си девојка, девојките не се расправаат“.

„Чувај си го образот, молчи“.

„Жената мора да умее да трпи“ – и други глупости.


За жал, многу мајки и понатаму на овој начин ги воспитуваат ќерките. Но, се случува и мајката да ѝ каже на својата ќерка: „Биди силна“, „Мораш да застанеш за себе“ или „Тебе ништо не те ограничува“, додека истовремено мајката живее живот како типична жртва.

Секако, најлошото нешто што мајката може да му го направи на своето дете е да седне по расправијата со таткото и да му каже: „Види што ми направи татко ти!“

Ова никогаш не смее да се случи! Вашето дете не треба да биде ваш терапевт!

Патем, дозволете ми да се осврнам и на популарната фраза: „Страдам само за децата“. Драга жено, колку повеќе го трпиш и толерираш, толку повеќе ги претвораш децата во жртви.

Ако сакаш да направиш нешто за своето дете, остави го тиранинот! Ќе биде подобро децата да живеат во изнајмен стан, на село или малку да трпат сиромаштија отколку секој ден да гледаат како нивниот татко ја малтретира мајка им или како родителите се расправаат.

Еден мој пријател честопати вели: „Сè уште не е сè одлучено. Сè уште можеш да почнеш да живееш поинаку“.

Проблемот е главата, а не сопругот, шефот, економската ситуација или нешто друго. Само ти можеш да го направиш првиот чекор!

Извор



912

X