Адхара Перез од Мексико има IQ 162, што е за два повеќе од Алберт Ајнштајн и од Стивен Хокинг. Девојчето, кое моментално студира, се стреми да биде астронаут, да патува во вселената и да го освои Марс, а нејзиното животно патување досега воопшто не беше лесно.

На тригодишна возраст ѝ била дијагностицирана форма на аутизам – Аспергеров синдром.

Станува збор за развојно нарушување обележано со неможност да разбере како да се однесува во општеството. Општо земено, децата со Аспергеров синдром покажуваат многу малку изрази на лицето, освен лутина и тага. Имаат тенденција да живеат во сопствен свет, преокупирани со себе и својот распоред. Нивните сетила се поинтензивни, посилно ги чувствуваат површините, температурата и вкусот, а мислите им се пофокусирани. Мајката на Адхара, Налели Санчез, забележала дека нејзината ќерка се однесува различно од нејзините врсници.

Децата што го имаат овој синдром генерално се просечно или натпросечно интелигентни, но не ги разбираат двојните значења и метафорите. Мајката на Адхара вели дека таа секогаш сакала да има другарчиња, но едноставно не знаела како.

Сето ова станало голем проблем за малото дете, затоа што децата почнале да ја отфрлаат и да ја нарекуваат чудна, а наставниците велеле дека едноставно не сака да работи и честопати ја изолирале од групата.

А на Адхара ѝ било досадно на часовите. И покрај неприфатеноста од другарчињата, нејзината мајка, која е дипломиран психолог, никогаш не престанала да верува во неа. Ја запишала својата ќерка во центар за таленти каде што било утврдено дека девојчето има IQ 162.

Адхара некое време го посетувала центарот за таленти, но поради финансиите, не го продолжи своето образование таму. Нејзината мајка ја префрлила на онлајн-учење, па девојчето ги завршило пониските одделенија на 5 години, повисоките одделенија на 6 години, а набрзо потоа и гимназија.

Таа во моментов е запишана на студии за две универзитетски дипломи: системско инженерство и индустриско инженерство по математика. Нејзиниот најголем сон е да оди во Америка, да студира и да стане астронаут.

Универзитетот во Аризона веќе се заинтересира за неа, а исто така и Универзитетот „Рајс“ – и двата факултети ја поканија да студира астрофизика. Сепак, нејзината мајка знае дека нема да биде лесно од финансиска гледна точка и се надева дека некако ќе успее да ѝ помогне во нејзините цели да стане научник или астронаут.

Извор



912

X