Кренати два прста кон камерата додека сè уште е во утробата на мајката – ова го прави најнепристојното бебе од Велика Британија, а неговата мајка рекла дека не очекувала ништо помалку. Џема Хјустон (21) од Пејзли, Ренфрешир, Шкотска, заминала на вообичаен ултразвук-преглед за да го види своето девојче.

Хјустон, која рекла дека нејзината ќерка исто така била фотографирана свртена наопаку со прекрстени нозе, ќе мора да се врати во болница за уште едно снимање. Сликата била „шок“ за неа. Кога зборувала за своето неродено дете, рекла: „На моето прво снимање таа беше свртена наопаку и нејзините нозе без прекрстени, па морав да се вратам назад за повторно снимање“.

Сликата е поставена на социјалната мрежа „Фејсбук“, а се гледа дека нероденото дете покажува два прста кон камерата.

фото извор: Deadline news/ Facebook

Во објавата Џема напишала: „Морав повторно да се враќам на снимање бидејќи нашата дива не сака да соработува. Но, да ни каже да одбиеме, е навистина врвот на сè. Повторно се враќам во сабота, те молам покажи го твоето лице овој пат. Твојата мајка“, напишала Џема.

Необичната слика предизвика реакции и на „Твитер“:

„Хаха, ова е преслатко. Сигурно си мисли – оставете ме да спијат пред да се соочам со животот“.

Автор: Лук Ендрус



912

X