Родителите им даваа модерни и традиционални имиња на своите деца оваа година, но некои толку се повторуваа што станаа најпопуларни во годината.
Според „Индепендент“, во 2023 година најпопуларното име за девојчињата е Оливија, а за момчињата Ноа. На второто место се Ема и Лијам, додека на третото место се Амелија и Оливер, кој на оваа позиција е трета година по ред.
Листата со најпопуларните имиња за бебиња ја објави „Бебицентар“. Еве ги десетте најпопуларни имиња за девојчиња:
-Оливија
-Ема
-Амелија
-Софија
-Шарлот
-Ава
-Изабела
-Миа
-Луна
-Евелин.

А ова се десетте најпопуларни имиња за момчиња:
-Ноа
-Лијам
-Оливер
-Елајџа
-Матео
-Лукас
-Леви
-Лео
-Езра
-Лука.