Почитувани,

Далеку сте вие од сериозна организација со строги принципи на работа кога три пати менувате термин за еден натпревар за на крај да го избрете најлошото можно решение – совпаѓање со натпреварите по англиски јазик, а да не се лажеме, без намера да се потценат останатите предмети, најголема тежина за запишување во средно училиште имаат токму овие две дипломи (математика и англиски). Ако држевте до себе, ќе си останеше натпреварот на 30 март и ќе го принудевте МОН да ја поништи нивната, од никого неподдржана одлука, 30 март да биде работен ден (МОН со години е посебна приказна, но за нив немам намера да губам време). Или во краен случај, 31 март, па што ако е недела, ѝ удоволивте на некоја мамина маза да не си растури од комодитетот?! Жално…

Бидејќи како семејство сме лично засегнати, ве известувам дека доколку вака остане, моето дете како второпласирано на општинскиот натпревар нема да учествува на регионалниот, предност му даваме на англискиот (ELTAM како здружение го помести нивниот што беше закажан за В и нивниот се поклопува со други, ама не сменија трипати иако беа под огромен притисок. Барем имаа храброст да отворат ФБ-профил каде што дозволуваат коментари, а вие ни еден сајт не можете да го работите како што треба).

Уште една работа: која е поентата на општински натпревар (на кој не можевте ни по едно шише вода да им дадете на децата, на натпревар кој трае 150 минути) ако филтерот за следна фаза е само 35 бода (?!). Сериозно?!

Уште еднаш ќе нагласам дека сте ДАЛЕКУ од сериозна организација (со сите ваши внатрешни турбуленции и несогласувања), ама барем се надевам дека за наредната година ќе ги проголтате суетите и вие и сите останати здруженија, па ќе седнете на маса и ќе ги договорите термините за натпревари.

Поздрав,

Владимир Данилов



912

X