„Драго мое девојче број два,

Се обидувам ова писмо да го напишам веќе неколку недели, размислувајќи за она што сакам да ти го кажам и како тоа најдобро да го направам. Почнувам да го прифаќам фактот дека без разлика што ќе напишам, нешто ќе ми недостига. Едноставно има толку многу љубов за тебе во моето срце за да биде изразена со зборови.

Толку сум среќна што ќе можам да те гледам в очи и да ја запомнам таа слика од тоа скапоцено битие кое се обликувало во мене во последните девет месеци. Навистина е чудо, едно од најголемите, не само да го гледаш твоето дете како расте туку и да го почувствуваш тоа.

Со тоа што мојата утроба ти е дом, има карактеристики за тебе кои веќе ги знам и нестрпливо чекам да ги дознам и другите. Ти си активна и внимателна, свесна и чувствителна. Твоите движења се далеку од мали и кога и да направиш чекор во иднина, твоето присуство ќе биде уважено. Можеш да инспирираш насмевка со самото тоа што си. Сепак, има толку многу за тебе што нетрпеливо чекам да го откријам. Можам само да замислам колку ќе бидеш убава и едвај чекам да дознам што ќе ти се допаѓа, а што не, да ги дознам твојот темперамент и карактер. Има работи што сакам да ги знаеш и за нас и кои сме ние како твое семејство.

Ќе учиш во семејство со толку љубов, љубов толку голема и безусловна. Тато е најдобриот човек кој некогаш ќе го запознаеш, а неговите раце и рамена ќе бидат тука да те заштитат, да биде силен за тебе и нежно да те држи кога и да ти затреба. Ќе те научи што значи кога човек го поставува семејството на прво место. Твојата сестра е темпераментно девојче со големо срце и темпераментен дух. Не може да дочека да ѝ седнеш в скут. Таа ќе ти биде водич, утеха и пријател. Исто така, ќе те предизвикува и вие двете ќе учите како да го насочувате животот додека учите и да стапувате во интеракција една со друга.

Тука сум и јас. Имам тешкотија да се откажувам од нештата и ќе ми биде тешко да те пуштам, да ти дадам слобода за полека да ги направиш чекорите сама во светот. Ти и сестра ти сте мојот свет, и помислата да ве имам двете е прекрасна и неверојатна, особено за нервите. Се надевам дека ќе бидам на ниво на задачата и ќе бидам трпелива и љубезна, нежна и полна со љубов, присутна и вклучена. Имам високи цели за себе како мајка и ништо не ми покажа колку лесно можеш да чувствуваш пораз, како мајчинството.

Се плашам дека ќе дозволам работите околу средувањето на куќата да ми предизвикаат стрес и да ми го скратат времето што сакам да го поминувам со тебе. Се плашам дека ќе постојат моменти кога ќе плачам пред тебе и кога ќе ме видиш како се кршам пред предизвиците на мајчинството. Се плашам дека некако ќе ве изневерам тебе и твојата сестра, а дека ти ќе пораснеш посакувајќи да бев поинаква мајка. Да се биде родител е позастрашувачко отколку што некогаш мислев дека ќе биде бидејќи љубовта што ја носи со себе е толку голема. Сега кога знам која сум како мајка, прости ми кога ќе погрешам и знај дека мојата крајна цел е секогаш да ти помогнам да стоиш цврсто.

Иако нема да бидам родител првпат, сепак ќе ми биде првпат да ти бидам родител тебе. Ти ветувам дека ќе бидам скромна доволно за да признам кога нешто што сум мислела дека го знам нема да се примени во пракса. Ти ветувам дека ќе ти се дадам целата, иако можеби ќе чувствуваш дека секогаш треба да ме делиш. Ти ветувам дека ќе се трудам да бидам силна и моите лични битки ќе се обидувам да не ти ги пренесувам тебе. Ветувам дека ќе се извинувам, за да можеш да научиш како изгледа кога признаваме дека сме грешеле. Ветувам дека ќе останувам будна доцна за да те заспивам, дури и кога ќе бидам преморена. Ветувам дека секогаш ќе бидеш длабоко сакана, иако несовршено. Ветувам дека ќе ти дозволам да ме научиш за себе, дури и кога она што го гледам не ми ласка.

Веќе им даде на моето тело и срце нова форма, правејќи ги и двете поголеми за да те има и тебе и ти ветувам дека ќе продолжам да растам со тебе на начините што ти се потребни.

Знам дека ќе правам грешки, ќе имам добри и лоши денови и веројатно ќе ме видите во моето најлошо издание, но ти, слатко девојче, ќе бидеш главен дел од она што ме инспирира да бидам најдобрата верзија од себе“, му порачала Малиа на своето девојче.

Те чекам нетрпеливо,

Мама“.

Автор: Малиа Гарсија



912

X