Црвениот крст на Македонија со првична помош од 30.000 евра за жртвите од земјотресот во Албанија.

Црвениот крст на Македонија изрази сочувство до граѓаните, семејствата и институциите на Албанија за жртвите од земјотресот. Воедно, изразувајќи надеж и верба дека бројот на жртвите нема да се зголеми, информира дека од сопствени резерви ќе додели првична парична и материјална помош во вкупна вредност од 30.000 евра.

– Црвениот крст ја следи состојбата на терен и е во постојан контакт со Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, албанскиoт Црвен крст и владините институции со цел утврдување на приоритетните потреби на терен и организирање хуманитарен одговор. Црвениот крст донесе одлука од сопствени резерви да додели првична парична помош во висина од 10.000 евра наменета за жртвите од земјотресот, како и материјална хуманитарна помош во вкупна вредност од 20.000 евра – се наведува во соопштението.
Хуманитарната материјална помош се состои во вреќи за спиење, ќебиња, монтажни кревети, пакети со храна и хигиенски пакети.

Фото: Црвен крст

Воедно, објавени се и телефонските броеви за донации 070/075/077 143 400, како и бројот на жиро-сметката на фондот за солидарност 300000001327966, каде што заинтересираните граѓани може да уплатат парични средства.
Заинтересирани лица од други земји може да донираат на:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

Исто така, се понудени тимови за одговор при катастрофи од македонскиот Црвен крст за помош и поддршка на албанскиот Црвен крст во справување со последиците од земјотресот. По направените процени, наредните денови Црвениот крст дополнително ќе се ангажира за обезбедување хуманитарна помош, стои во соопштението.



912

X