Новата игротека во Калифорнија е наменета за деца со попреченост, а во неа освен што ќе се забавуваат децата ќе бидат чисти и активни
Сопственикот на игротека за деца со попреченост Патрик Мекти вели дека тој како родител на дете со попреченост ги сфаќа родителите кои не знаат каде да го шетаат детето.
-Луѓето едноставно немаат разбирање. Можеби најлошото е кога ќе ме прашаат зошто не можам да си го контролирам детето – вели Мекти.
Затоа самата игротека е специјално дизајнирана токму за децата со попреченост.
-Родителите сега ќе можат да одморат. Немора постојано да ги надгледуваат своите деца – додава Мекти.
Во салата има тобогани и нишалки, но исто така има и посебна соба наменета за терапии.
Мекти смета дека е потребно отварање на повеќе вакви места во кои децата ќе се чувствуваат прифатено и добредојдено.