Идните родители во последниве години се чинеше дека се натпреваруваат во тоа кој ќе има пораскошна и поинтересна забава за откривање на полот на детето. Нивните снимки ги преплавија социјалните мрежи и често беа предмет на дискусии. Но, тоа би можело да стане историја бидејќи сега се појавува нов тренд.

Трудниците и нивните партнери направиле нов чекор и сега објавуваат видеа во кои го откриваат името што го избрале за своето бебе. Едно такво видео на „Инстаграм“ објавила инфлуенсерката Тифани Хотон, која е во 38-тата недела од бременоста и чека девојче.

Таа споделила видео на кое со нејзиниот партнер стојат опкружени со розови балони на кои се испишани имињата: Кејт, Тандер, Роуз, Керолин, Лили и Оливија. Со игла ги пробиваат балоните еден по еден, додека на крајот не остане само оној на кој пишува „Лили“ и на тој начин откриваат дека така ќе се вика нивното девојче.

Извор



912

X